Пјонгјанг тестираше нов подводен дрон со нуклеарно оружје, објавија државните медиуми, а севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун предупреди дека заедничките воени вежби меѓу Јужна Кореја и САД треба да завршат.
За време на тестирањето, новиот севернокорејски дрон вчера се движеше под вода на длабочина од 80 до 150 метри повеќе од 59 часа и детонираше ненуклеарен товар во близина на источниот брег на земјата, јавија севернокорејските медиуми.
„Овој нуклеарен подводен дрон за напад може да се распореди на кој било брег и пристаниште или да го влече површински брод заради операција“, се вели во извештајот на КЦНА, истакнувајќи дека Ким лично го надгледувал тестот.