Фото: Принтскрин/Илустрација

Северна Кореја тестираше крстосувачки ракети од море до земја во водите покрај нејзиниот западен брег, објавија денеска државните медиуми, кратко пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Јужна Кореја.

Ракетите беа успешно лансирани вчера над Жолтото Море западно од Корејскиот Полуостров, соопшти државните медиуми. Јужнокорејската војска сè уште не ги коментираше тврдењата на Пјонгјанг.

Тестот се случува во време кога Трамп треба да пристигне во Јужна Кореја, каде што треба да се сретне со јужнокорејскиот претседател Ли Џе Мјунг.

Трамп постојано повторува дека е отворен за средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Американскиот претседател планира да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг во јужнокорејскиот град Гјонгџу утре, на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC), за да разговараат за трговски прашања.