Северна Кореја денеска потврди дека ќе лансира воен шпионски сателит во јуни, соочена со „опасни воени активности на САД“, јави државната севернокорејска агенција КЦНА.
– Во јуни ќе биде лансиран воениот извидувачки сателит број 1 – рекол потпретседателот на воениот комитет на владејачката партија, Ри Пјонг Чол.
Тој додаде дека Северна Кореја го лансира сателитот „како одговор на опасните воени активности на САД и нивните вазали“.
Јапонија вчера соопшти дека добила известување од Северна Кореја за претстојното лансирање на сателит, за кое Токио тврди дека можеби крие лансирање балистичка ракета.
Според јапонските власти лансирањето би требало да биде помеѓу 31 мај и 11 јуни.