Фото: Пиксабеј

Северна Кореја истрела најмалку една „неидентификувана балистичка ракета“, соопшти денеска јужнокорејската војска.

Северна Кореја истрела неидентификувана балистичка ракета во правец на Источното Море, наречено и Јапонско Море, соопшти началникот на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

Додека јапонската јавна телевизија НХК, повикувајќи се на државни извори, најверојатно проектилот бил со мал дострел.

Лансирањето на проектилот се случи неколку часа откако Ким Јо-јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, негираше дека Северна Кореја и испорачува оружје на Русија.