Северна Кореја денеска истрела ракети од повеќецевни фрлачи, соопшти јужнокорејската армија, без да наведе повеќе детали.
Поради тоа јужнокорејската армија го засили надзорот и ја зголеми готовноста во соработка со САД.
Северна Кореја годинава изврши низа тестирања на оружје, а исто така и првпат од 2017 година истрела интерконтинентална балистичка ракета.
Сеул и Вашингтон оценуваат дека Северна Кореја наскоро би можела да изврши седма нуклеарна проба.
Јужнокорејскиот министер за одбрана Ли Џонг-суп минатиот месец најави дека Сеул ќе ги зајакне своите воени капацитети, како и безбедносната соработка со САД и Јапонија за да се спротивстави на воената закана од Пјонгјанг.