Peskov
Фото: ЕПА

Изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за Русија се многу сериозни, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека на Русија ѝ треба време да ги анализира пораките од Вашингтон.

– Изјавите на претседателот Трамп се сериозни, некои од нив беа упатени лично до претседателот на Русија. Секако ни треба време да ги анализираме – рече Песков, пренесен од руските медиуми.

Тој рече дека Москва е подготвена да го продолжи дијалогот со Киев, додавајќи дека Вашингтон го сака истото, а „наводно, и Европа“.

Додаде дека Путин ќе ги коментира зборовите на Трамп доколку смета дека е потребно.

-Да ја почекаме неговата одлука – рече Песков.

Портпаролот на Кремљ, исто така, изјави дека Москва сè уште не добила никакви сигнали во врска со одржувањето на потенцијалната следна рунда преговори со Киев.

-Тешко е да се каже со што е поврзано, но ние сме подготвени да го продолжиме дијалогот – рече Песков.

Тој оцени дека Киев не ги доживува одлуките донесени во Вашингтон и НАТО како сигнал за мир, туку за продолжување на војната.