Најмалку шест лица се водат за исчезнати, а десетици домаќинства се евакуирани во Јужна Кореја поради уривање дел од повеќекатна зграда.
Станува збор за објект што бил во изградба, а се верува дека сите исчезнати лица работеле на градилиштето.
Спасувачите извлекоа тројца работници под урнатините. Потрагата по исчезнатите привремено е во прекин и најверојатно ќе продолжи утре поради страв од ново уривање на зградата.