Transporten voen avion
Фото: ЕПА

Руски воен транспортен авион се урна во северниот регион Иваново – соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Во авионот имало седум лица – соопшти Министерството.

Дневниот весник „Комерсант“ објави дека сите патници загинале.

Според извештаите, во тек е операција за пребарување и спасување во ненаселеното подрачје.

Авионот „Антонов Ан-22“ е развиен за време на советската ера во 1960-те. Според медиумските извештаи, ова бил последниот авион од овој тип што го користела руската војска. Ан-22 се користи за транспорт на голем воздушен товар, но и за падобрански операции.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека авионот се урнал за време на редовен лет по извршени поправки.