Фото: Илустрација

Четири лица загинаа, а три се тешко повредени при судар на два хеликоптери кој се случи денеска во близина на морски парк во австралиската држава Квинсленд, соопшти локалната полиција.

Сударот се случил веднаш над тематскиот парк на северната плажа на Голд Коуст, популарна туристичка дестинација во Квинсленд, околу 14 часот по локално време, кога забавниот парк бил полн со семејства кои уживале во летните училишни одмори, јави „Скај њуз“.

Едниот хеликоптер се урнал, а другиот успеал безбедно да слета, се наведува во соопштението на полицијата во австралиската држава Квинсленд.

На 13 пациенти им биле проценети повредите здобиени во несреќата, соопшти службата за брза помош во Квинсленд.

Австралиското биро за безбедност на транспортот ја истражува несреќата, соопштија властите. Регионот Голд Коуст е најпосетуван во јануари, кога е сезона на летни одмори во Австралија.