Најмалку едно лице загина, а неколку се повредени кога автобус со околу 50 бегалци од Украина се преврте на автопат во северна Италија, јавија денеска локалните медиуми.
Несреќата се случила недалеку од Форли, во областа Емилија Ромања.
Истрагата за несреќата е во тек.
Околу 35.000 украински бегалци влегле во Италија од почетокот на воениот конфликт.