Фото: Пиксабеј

Предизборен амбиент во Велика Британија

Британската Лабуристичка партија ќе забележи рекордна победа на изборите во Велика Британија, соопшти агенцијата за испитување на јавното мислење „Сурвејшн“. Според анкетата спроведена од агенцијата, лабуристите на Кир Стармер ќе освојат 484 од 650 места во парламентот, многу повеќе од 418-те што ги освои поранешниот лидер на партијата Тони Блер во неговата победа во 1997 година, пренесува „Ројтерс“. Се предвидува дека конзервативците, кои беа на власт во изминатите 14 години, ќе освојат само 64 места, што би било најслаб резултат од основањето на партијата во 1834 година, додека десничарската Реформска партија на Обединетото Кралство ќе освои само седум места. Националните избори во Велика Британија ќе се одржат денеска. Р.С.