Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Москва инсистира на мир, а не на прекин на огнот, и ја отфрли идејата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за одржување референдум за територијалното прашање.
– Ако идејата е да се создаде изговор за барање прекин на огнот, пауза на фронтот, тогаш природно нема да функционира. Бидејќи сакаме да работиме на мир, а не на прекин на огнот – рече Песков.
Портпаролот на Кремљ истакна дека прекинот на огнот би бил „измама и трик“ и оти мирот во Украина мора да има „сигурни гаранции“.


































