Инспекторите ја пронашле црната кутија од амбулантен авион кој се урна во населба во Филаделфија, соопшти Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB).
Во авионската несреќа што се случи завчера загинаа седум лица, а повеќе од 20 беа повредени.
– Црната кутија е пронајдена на местото на несреќата, во земја на длабочина од околу 2,5 метри. Пронајден е и уред за предупредување за близина на тло, кој може да содржи и податоци за летот – соопшти НТСБ.