Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави денеска дека САД нема да учествуваат на состаноците на Групата 20 (Г-20), која ја сочинуваат економски најразвиените земји, доколку присуствува Русија.
– Претседателот (Џозеф) Бајден јасно стави до знаење, и јас секако се согласувам со него, дека Русија не може да продолжи да учествува на вообичаен начин ниту во која било финансиска институција – истакна Јелен во обраќањето пред Комитетот за финансиски услуги при Претставничкиот дом на САД.
Таа наведе и дека американскиот претседател побарал Русија да биде исклучена од Г-20 и јасно им ставила до знаење на своите колеги во Индонезија, земјата домаќин на самитот на Г-20, дека САД нема да учествуваат на бројни состаноци доколку присуствуваат руски претставници.