Амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд, синоќа изјави дека нема да дозволи Украина да стане монета за поткусурување во преговорите со Москва, а во контекст на можното продолжување на испораките за помош во Сирија преку Турција.
– Нема да дозволиме ситуацијата во Украина или ситуацијата во Сирија да се употребуваат како монета за поткусурување – изјави Линда Томас-Гринфилд, а пред почетокт на преговорите на Советот за безбедност на ОН за испорака на помош за Сирија.
СБ на ОН има мандат за прекугранична испорака на помош за Сирија кој истекува на 10 јули. Русија е против продолжување на операцијата со напомена дека таа го нарушува суверенитетот на Сирија и дека таква помош треба да се доставува директно во земјата.
За да се прифати продолжување потребно е гласање на резолуција со девет гласови „за“ и отсуство на вето. Во СБ на ОН има 15 членови, од кои пет, САД, Велика Британија, Франција, Кина и Русија се постојани со право на вето.