Американските власти денеска предупредија дека ќе одговорат доколку Кина постави воена база на Соломонските Острови – соопшти Белата куќа.
Висока американска делегација која ги посети Соломонските Острови им објасни на локалните лидери дека доколку Пекинг тргне кон „воспоставување постојано воено присуство“, тоа ќе предизвика „сериозна загриженост“ и оти САД ќе одговорат.
Нацрт верзијата на договорот, која протече во јавноста минатиот месец, ги вознемири западните влади со одредбите кои дозволуваат распоредување на кинески сили во островската држава во Тихиот Океан од околу 800.000 жители, која е потресена од политички и социјални немири и каде многумина живеат во сиромаштија