Според сознанијата на „Њујорк тајмс“
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе ја опреми Украина со дополнителни модерни одбранбени оружја кои се лесно преносливи и за кои не е потребна обемна обука, според американските и европските власти, објавува „Њујорк тајмс“.
Бајден објави воена помош од 800 милиони долари за Украина, која вклучува 800 противвоздушни ракети „стингер“, 9.000 противтенковски оружја, 100 тактички дронови, како и лесно вооружување.
– Американските и еврпопските претставници сакаат да испратат опрема која е лесна за користење од мали тимови, а која поседува технологија за пробивање на руската одбрана или за искористување на слабостите, наместо офанзивни оружја како што се тенковите и борбените авиони, за кои е потребна значителна логистичка поддршка – пишува американскиот весник, повикувајќи се на сопствени извори.
Според упатените во плановите, САД ќе испратат т.н. „камикаѕе-дронови“, кои се познати според овој назив бидејќи можат да влетаат директно во противничка цел. „Камикаѕе-дроновите“ претходно беа користени и при конфликтот во Нагорно Карабах минатата година, при што Азербејџан имал околу двесте вакви беспилотни летала (четири модели) од најмодерно израелско производство, според Центарот
– Тие се дизајнирани од американската команда за специјални операции и се точно таков тип на оружен систем што би можел да има моментно влијание на боиштето – вели Мик Малрој, поранешен помошник-секретар за одбрана.
Се смета дека поголемите вооружени дронови би биле потешки за користење за Украинците, како и лесна цел за руските борбени авиони, како што пренесува „Њујорк тајмс“. Покрај испраќањето на опремата, САД помагаат и во координирање на донациите од европските држави за Украина.