Вашингтон

Според изјави за медиумите, официјални лица запознаени со детали од преговорите меѓу САД и Украина изјавија дека веќе е форматиран „рамковен договор за заеднички фонд за реинвестирање на приходите од украинските природни ресурси“! Имено, конкретниот план што треба допрва да се разработи би вклучувал „инвестирање на 50 отсто од приходите од минералите, нафтата и гасот на Украина“. САД во тој случај би се заложиле за развој на „стабилна и економски просперитетна Украина“. Споменатиот рамковен договор, според изјавите објавени во медиумите, „не ги вклучува американските безбедносни гаранции за Украина“. Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот посочи дека може да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски уште неделава. Р.С.