Разговорите меѓу Русите и Американците за работата на дипломатските претставништва започнаа денеска изутрината во Истанбул, во контекст на се поголемото приближување на Москва и Вашингтон по изразувањето желба за решавање на конфликтот во Украина.
Овој состанок зад затворени врати, предводен од руски и американски дипломати во резиденцијата на американскиот генерален конзул, е втора средба меѓу претставниците на двете сили, по онаа што се одржа на 18 февруари во Саудиска Арабија.
Руското Министерство за надворешни работи објави кратко видео од пристигнувањето на руската делегација со црно комбе.
Првите руско-американски разговори од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година следеа неколку дена по телефонскиот разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп, со кој е прекината политиката на изолација што Вашингтон и Западот ја спроведуваа три години.