Фото: Пекселс

Рускиот постојан претставник во Обединети нации, Василиј Небензја изјави дека САД и НАТО не спроведоа истрага за злосторствата извршени во Авганистан поради очигледната уцена на Вашингтон.

Тој на вчерашната средба на Генералното собрание на ОН наведе дека Западот би сакал „сите да заборават на неодговорните акции на американската и на НАТО армиите, кои редовно вршеа неселективни воздушни напади врз обичните Авганистанци“.

– И да не зборуваме за ноќни рации и вонсудски убиства на цивили, вклучително и жени и деца – посочи Небензја.

Тој додаде критиките на САД за кршење на човековите права се цинични и лицемерни.

– Тоа е типичен став на САД и нивните сојузници кон воените злосторства извршени од нив на други кризни точки, вклучително Ирак, Сирија и Либија – истакна Небензја.