Белоруското Министерство за надворешни работи соопшти дека сѐ е подготвено во Белорусија за земјата да биде домаќин на мировните преговори меѓу Русија и Украина.
„Се чека пристигнувањето на делегациите“, објави белоруското министерство на Твитер, заедно со фотографија од местото каде што ќе се водат преговорите.
Прес-секретарот на Министерството за надворешни работи на Белорусија, Анатолиј Глаз, претходно најави дека на местото на преговорите во Белорусија се очекува да пристигнат делегациите на Русија и Украина.
Преговорите ќе започнат штом делегациите ќе пристигнат на местото на средбата, рече Глаз, пренесува РИА Новости.
Русија вчера најави дека разговорите ќе се водат во регионот Гомел во Белорусија, додека во Киев беше кажано дека средбата на двете делегации ќе се одржи на границата меѓу Украина и Белорусија.