Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, утре и задутре ќе го посети Вашингтон и таму ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, државниот секретар Марко Рубио и министерот за одбрана Пит Хегсет, се наведува во соопштение на НАТО.
Не е наведена непосредната причина за посетата на Руте, но Трамп во неодамнешното интервју за Ен-Би-Си Њуз рече дека САД се подготвени да испорачаат оружје на Украина преку НАТО.
Тој, исто така, додаде дека утре ќе има „важна изјава“.
Администрацијата на Трамп досега испрати во Украина само оружје што беше одобрено од поранешниот претседател Џо Бајден, цврст поддржувач на Киев.