Фото: ЕПА/Марк Руте

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека побарал од украинскиот претседател Володимир Зеленски да најде начин да ги поправи односите со Трамп, пренесоа светските агенции.

– Она што му го кажав на претседателот Зеленски е: „Верувам, драг Володимир, дека вие треба да најдете начин да ги поправите вашите односи со Доналд Трамп и американската администрација –  изјави Руте за „Би-би-си“.

– Ние треба да останеме заедно, САД, Украина и Европа, за да донесеме траен мир во Украина – нагласи Руте.