Руското Министерство за одбрана тврди дека Украина истрелала неколку американски ракети со долг дострел од типот АТАКМС кон Русија во изминатите неколку дена. Москва тврди дека „подготвува одговор“.
– Според потврдени информации, во изминатите три дена, украинските вооружени сили извршија два напади со западно оружје со долг дострел врз цели во областа Курск – соопшти Министерството за одбрана.
Во саботата, според руското министерство за одбрана, Украина истрелала пет ATAКMС во областа Лотарјовка, 37 километри северозападно од Курск, гаѓајќи го противвоздушниот систем С-400.
– Два проектили ја погодија својата цел – се вели во соопштението, додавајќи дека системот е оштетен, а луѓето се повредени.
– Вчера, Украина, исто така, „изврши уште еден напад со осум ATAКMС на аеродромот Курск-Восточни – се вели во соопштението.
Само еден од проектилите стигна до целта, но две лица се повредени, а инфраструктурата е оштетена – велет од руското Министерство за одбрана.
– Руското Министерство за одбрана ја следи ситуацијата и се подготвуваат одговори – се вели во соопштението.
Министерството објави и фотографии од остатоци од ракетите ATAКMС во Русија, но нивната автентичност допрва треба да се потврди.