Преговарачите од Москва и Киев денеска се состанаа на разговори во Турција, во контекст на руската војна против Украина.
Според руската државна новинска агенција Тас, состанокот во палатата Чираган во Истанбул заврши за помалку од еден час. Резултатите засега не се познати – пренесе ДПА.
Очекувањата не беа високи, Двете завојувани страни опишаа дека е малку веројатен пробив за мирно решение, бидејќи нивните ставови се премногу оддалечени.
Војната што ја почна Русија трае веќе повеќе од три години.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го најави состанокот претходно оваа недела, но ги ублажи очекувањата. Тој рече дека приоритет на Киев е проширување на размената на затвореници и враќање на децата кои беа киднапирани од Русија од окупираните територии.
Москва и Киев ги продолжија директните разговори во мај за прв пат од 2022 година.