Русија соопшти дека би можела воено да одговори доколку Вашингтон не ги исполни нејзините безбедносни барања и сака сите американски војници да ги напуштат од Источна и Централна Европа.
– Во отсуство на волја од американската страна да преговара за цврсти и правно обврзувачки гаранции за нашата безбедност од САД и нивните сојузници, Русија ќе биде принудена да одговори, вклучително и со воено-технички мерки – се вели во одговорот на Министерството за надворешни работи на Русија на американските безбедносни предлози.
– Инсистираме на повлекување на сите американски вооружени сили во Централна Европа, Источна Европа и Балтикот – се додава во соопштението.