Градоначалникот на Северодонецк, Олександар Стрјук изјави дека градот од денеска е под целосна контрола на руската армија.
Изминатите неколку недели се водеа тешки борби помеѓу украинската и руската војска за Северодонецк. Украинските сили вчера добија наредба да се повлечат од Северодонецк, поради подобра одбрана на соседниот град Лисичанск.
Но, руските сили и сепаратистите денеска влегоа во Лисичанск и во градот се водат улични борби.
Заземањето на Северодонецк и Лисичанск ќе им го отвори патот на Москва и на сепаратистите кон градовите Славјанск и Краматорск. Руските сили сакаат да го заземат целиот индустриски басен на Донбас.