Руските сили ја презедоа контролата врз нуклеарната централа во Чернобил, изјави советник од украинскиот претседателски кабинет.
– Невозможно е да се каже дека нуклеарната централа во Чернобил е безбедна по тотално бесмислен напад од Русите. Ова е една од најсериозните закани во Европа денес – нагласи советникот Микаил Подолиак.
– Руските окупациски сили се обидуваат да ја заземат АЕЦ Чорнобил. Нашите бранители ги даваат своите животи за да не се повтори трагедијата од 1986 година – објави денеска украинскиот претседтел Володомир Зеленски на Твитер, нагласувајќчи дека таква порака му пратил на шведскиот премиер.
– Ова е објава на војна против цела Европа – наведе Зеленски.