Руските сили го гранатираа големиот пазар Барабашов во Харков, предизвикувајќи серија пожари, соопштија локалните власти.
Снимките покажуваат огромни облаци од црн чад што се издигнуваат од неколку делови на пазарот, што укажува на тоа дека комплексот претрпел повеќекратни удари.
– Во гаснење на пожарот учествувале 70 лица, кој се проширил во околните куќи. Едно лице вклучено во гаснењето на пожарот загина – изјави градоначалникот на Харков.
Пазарот, кој се смета за еден од најголемите во светот, се простира на површина од 300.000 квадратни метри, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.