фото: Илустрација

Сателитски снимки направени денеска покажаа дека руските копнени сили продолжија да се приближуваат до главниот град на Украина со воен конвој долг 27 километри, соопшти приватна американска компанија.

„Максар техниолџоис Инц“ соопшти дека во конвојот се стотици оклопни возила, тенкови,  артилерија и возила за логистичка поддршка. Тој продолжил да се движи кон југ кон Киев.