Руски и американски официјални претставници ќе одржат нови разговори во Истанбул на 10 април, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков рече дека Русија ќе ја претставуваат претставници на Министерството за надворешни работи, без да прецизира за кои прашања ќе се разговара – пренесе „Блумберг“.
Најавата за датумот на новиот состанок следи откако претставникот на рускиот претседател Владимир Путин, Кирил Дмитриев, се врати од дводневните средби во САД минатата недела и псоочи дека ќе има нови разговори.
Дмитриев во Вашингтон се сретна со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и државниот секретар Марк Рубио, неколку дена откако американскиот претседател изрази фрустрација поради недостигот на напредок во постигнувањето примирје во војната на Русија против Украина.
Трамп и Путин имаа два јавно објавени телефонски разговори откако американскиот претседател ја презеде функцијата во јануари, со што започна зближувањето меѓу Вашингтон и Москва, откако контактите беа целосно прекинати по почетокот на војната во февруари 2022 година.