Руските системи за противвоздушна одбрана уништија 32 украински беспилотни летала над регионите Брјанск, Ориол, Курск и Москва, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„Синоќа беше запрен обидот на режимот во Киев да изврши терористички напад со помош на беспилотни летала врз објекти на територијата на Руската Федерација“, објавено е на Телеграм каналот на руското Министерство за одбрана.
Областите Брјанск, Курск и Орлов се наоѓаат на западот на Русија, долж границата со Украина.