Руското Министерство за одбрана, по денешниот напад врз украинскиот енергетски систем, соопшти дека „Целта е постигната“.
Руските сили извршија масовен напад со прецизно оружје со долг дострел и беспилотни летала врз објектите на критичната енергетска инфраструктура во Украина кои обезбедуваат работа на воено-индустрискиот комплекс, се наведува о соопштението на руското Министерство за одбрана.
Во соопштението се тврди дека е постигната целта на нападот и оти „се погодени сите мети“.
Претходно, претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Русија денеска лансирала над 70 ракети и повеќе од сто дронови брз енергетскиот систем на Украина.