Русија се обидува да употреби тајно оружје за да го блокира пристапот на украинската војска на Интернет преку „Старлинк“, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на тајниот извештај на американското разузнавање кој неодамна беше објавен.
Според информациите на „Вашингтон пост“, Москва со месеци експериментирала со својот систем за електронско војување „Тобол“ во обид да ја блокира работата на сателитскиот интернет-провајдер „Старлинк“ во Украина.
Системот дизајниран да ги заштити руските сателити, наводно, може да се користи за напад на непријателски системи. „Спејс екс“ компанијата која е сопственик на „Старлинк“, одби да ги коментира овие информации.
Во мај минатата година, Маск објави на Твитер дека „Старлинк“ го покажал својот отпор кон обидите за заглавување и хакирање, но се чини дека Русите ги интензивираат своите напори.
Костиантин Жура, портпарол на министерството за одбрана на Украина, рече дека властите во Киев се свесни за напорите на Русија и преземаат мерки за нивно неутрализирање. Руската амбасада во САД не одговори на барањето на „Вашингтон пост“ за коментар.
„Вашингтон пост“ пишува дека „Старлинк“ се покажа како витален за војската на Украина, која се потпира на мали преносливи терминали за да комуницира и да пренесува разузнавачки информации.