Руското снабдување со природен гас за Финска ќе биде прекинато од утре наутро, соопшти денеска финската државна енергетска компанија Гасум, откако нордиската земја одби да му плати на снабдувачот „Газпром“ во рубљи.
– Многу е жално што испораките на природен гас според нашиот договор за снабдување сега ќе бидат прекинати. Сепак, внимателно се подготвувавме за оваа ситуација и „нема да има прекини во мрежата за пренос на гас – наведе во изјава извршниот директор на Гасум, Мика Вилјанен.