Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за „Си-ен-ен“ дека Русија планира да ги издржи западните санкции и да ја заврши својата цел во регионот Донбас во источна Украина.
Одговарајќи на прашањето за намерата на Русија да окупира делови од украинските територии во Одеса, Харков и Херсон, Песков рече дека одлуката ќе зависи од „волјата на локалното население“.
– Цел број еден е да се заштитат жителите на Донбас и Луганск од оние кои моментално го гранатираат Донецк и убиваат цивили таму, а тоа го прават во последните осум до девет години – рече портпаролот на Кремљ.