Претседателот на Русија, Владимир Путин, на денешната средба во Кина со премиерот на Словачка, Роберт Фицо, изјави дека Москва никогаш не била против потенцијалното членство на Украина во ЕУ.
– Што се однесува на членството на Украина во ЕУ, никогаш не приговаравме. Што се однесува на НАТО, тоа е друго прашања … Нашиот став е добро познат: сметаме дека тоа е неприфатливо за нас – посочи Путин.
Тој додаде дека Русија била принудена да дејствува во Украина поради „обидот на Западот со помош на НАТО да го апсорбира целиот постсоветски простор.
Путин потенцира дека многу ја цени независната надворешна политика на Словачка. Фицо повеќепати ја критикуваше поддршката на ЕУ за Украина, како и политиката на изолација за Русија. Тој во мај присуствуваше на комеморацијата во Москва, а утре во Пекинг ќе присуствува на воената парада по повод 80 години од завршување на Втората светска војна и победата над Јапонија.
Словачка во голема мера е зависна од рускиот гас.