Фото: Принт-скрин

Украинскиот претседател Владимир Зеленски смета дека е во интерес на Русија да ја шири лагата дека цените на енергијата се зголемени поради војната во Украина, бидејќи тоа ќе создаде замор на Запад за поддршка на неговата земја.

Во видеообраќањето на Бледскиот стратешки форум, Зеленски рече дека тврдењето за високите цени на енергијата поради војната не е точно бидејќи нивните цени биле вештачки зголемени уште пред руската агресија. Зеленски тврди дека Русите вештачки и намерно ја покачувале цената на енергијата, претходно тајно, но денес тоа го прават отворено.

Зборувајќи за уморот на светот од војната во Украина и нејзините последици, Зеленски рече дека тоа е голем ризик, но дека какви било отстапки кон Москва ќе доведат до нова агресија, која веќе се случи по анексијата на Крим и окупацијата на дел од Донбас.