Русија и Украина ќе разговараат за прекин на огнот на претстојните преговори на границата меѓу Полска и Белорусија, изјави главниот преговарач на Москва, речиси една недела по воената операција врз нејзиниот сосед, пренесува МИА.
– Украинската делегација веќе го напушти Киев. Очекуваме тие да бидат тука утре наутро за разговори за прекин на огнот – рече Владимир Медински.
Украинското претседателство потврди дека нивната делегација е „на пат“ кон местото на разговорите.