Уште 303 заробени руски војници денеска се разменети за 303 припадници на украинската армија – соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Во согласност со Договорот од Истанбул, од 23 мај до денеска руската и украинската страна извршија размена по формулата 1.000 за 1.000 – се посочува во соопштението од руското МО.
Првата фаза од размената на воените заробеници беше во петокот, кога беа разменети по 390 заробеници, а вчера Русија и Украина разменија по 307 заробеници.