Русија и Кина во заедничка изјава се спротивставија на обидите на поединечни земји да ја користат вселената за потенцијални вооружени судири, а исто така ја потврдија посветеноста на изјавата на лидерите на петте земји со нуклеарно оружје од 2022 година за спречување на нуклеарна војна.
– Се противиме на обидите на поединечни земји да ја користат вселената со цел вооружена конфронтација и ќе се противиме на безбедносна политика и активности насочени кон постигнување воена супериорност и официјално признавање и користење на вселената како борбен простор – се наведува во текстот на изјавата.
Покрај тоа, во изјавата се повикуваат земјите со нуклеарно оружје да преземат конкретни акции за да се спречат нуклеарна војна и трката во вооружување.
Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг претходно денеска потпишаа повеќе од 20 документи за соработка, вклучувајќи изјава за продлабочување на сеопфатното партнерство и стратешка соработка меѓу двете земји.
Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека Кина и Русија треба да продолжат да ја продлабочуваат практичната соработка во различни области и да постават цврсти темели за сеопфатна стратешка соработка.