Русија и Индија започнаа заеднички воени вежби во северозападната индиска држава Раџастан за подобрување на антитерористичките операции – соопшти руското Министерство за одбрана.
Руско-индиската вежба „Индра 2025“ се одржува на воениот полигон Махаџан во Раџастан и ќе продолжи до 15 октомври – соопшти Министерството.
-Главната цел на вежбите е подобрување на соработката меѓу воените единици на двете земји во борбата против тероризмот, вклучително и подобрување на тактиките на антитерористичките операции – посочи Министерството.
– Особено внимание ќе се посвети на зголемување на интероперабилноста на единиците и размена на најдобри практики во контекст на модерното војување – се вели во соопштението.