фото: Пикселс

По Фејсбук, Русија го ограничи и пристапот до социјалната мрежа Твитер, објавија руските медиуми, а пренесува МИА.

Според руското регулаторно тело за комуникации, Роскомнадзор, пристапот до таа социјална мрежа е ограничен на барање на Обвинителството.

Претходно Роскомнадзор соопшти дека ја блокирал социјалната мрежа Фејсбук, на компанијата „Мета“, како одговор на ограничувањата за пристап до руските медиуми на оваа платформа.