Фото: Фејсбук/МНР на Русија

Русија ги повикува политичките сили на Србија на воздржаност поради случувањата во земјата и очекува брза нормализација преку дијалог – изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Уште еднаш повикуваме на воздржаност од сите инволвирани во настаните што се случуваат во оваа земја. Важно е да се разбере колку висока може да биде цената на непромислените чекори, кои се диктирани од емоциите и кои можат да бидат испровоцирани. Очекуваме што поскоро да се нормализира ситуацијата преку дијалог што покажува меѓусебно почитување – порача Захарова, одговарајќи на новинарско прашање за протестот закажан за сабота, 15 март.