Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ситуацијата на Блискиот Исток.
Путин истакна дека Москва е подготвена да помогне во изнаоѓање преговарачко решение за иранската нуклеарна програма.
– Имајќи ја предвид неодамнешната ескалација на иранско-израелскиот конфликт, руската страна ја истакна подготвеноста да стори сè што е можно за да го олесни изнаоѓањето преговарачко решение за иранската нуклеарна програма – се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Кремљ.