Фото: Социјални мрежи

Русија се уште чека одговор од САД на нивниот предлог за продолжување на новиот договор за намалување на стратешкото оружје (СТАРТ), изјави секретарот на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу.

Шојгу во интервју за руски меидум изјави дека Русија чека сигнали од Белата куќа.

-Не остана многу време за да се зачува еден од клучните столбови на глобалната стабилност- истакна Шојгу.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена да продолжи да се придржува кон ограничувањата од Договорот за стратешко офанзивно оружје една година по 5 февруари 2026 година.

Путин објасни дека чекорите за усогласување со ограничувањата од Новиот СТАРТ ќе бидат ефикасни ако САД се согласат.

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече предлогот на Путин во врска со Новиот СТАРТ добра идеја.с