Фото: Мариупол

Телефонски разговор Макрон-Путин

Условите за спроведување хуманитарна операција што Франција ја бара за да им се помогне на граѓаните во опколеното украинско пристаниште Мариупол „во оваа фаза не се исполнети“, соопшти кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон откако тој денеска телефонски разговараше со неговиот руски колега Владимир Путин.

Макрон ја истакна мисијата што ја бара заедно со Турција и Грција од Путин, кој наведе дека „ќе размисли за тоа“ пред да одговори, рече претставник на Елисејската палата.

Кремљ соопшти дека украинските „националисти“ во Мариупол мора да го остават оружјето.

– Беше истакнато дека за да се реши тешката хуманитарна ситуација во овој град, украинските националистички милитанти мора да престанат да пружаат отпор и да го положат оружјето – се вели во соопштението на Кремљ.

Кремљ додаде дека двајцата лидери разговарале за резултатите од разговорите и за хуманитарната ситуација во Украина.

Двајцата лидери, исто така, разговарале за барањето на Русија испораката на гас до Европската унија да се плаќа во рубљи.


Автобуси тргнаа за да ги евакуираат жителите на Мариупол

Градскиот совет на Мариупол на Фејсбук објави видео од новата колона автобуси кои заминуваат од Запорожје за Бедњанск, каде, како што рекоа, неколку илјади жители на Мариупол чекаат понатамошна евакуација.

Конвојот се состои од 34 автобуси, а евакуацијата треба да започне утре наутро.

Севкупно, повеќе од 75.000 жители на Мариупол веќе се евакуирани во Запорожје и им е укажана потребната помош – храна, лекови, основни потреби, како и помош при преселување, соопшти градскиот совет на Мариупол.