Русија побара одржување седница на Советот за безбедност на ОН на 30 мај, со цел разгледување на „заканата за мирот“ што, според Москва, доаѓа од европските земји кои го попречуваат мирното решавање на конфликтот во Украина.
Првиот заменик-постојан претставник на Русија во ОН, Дмитриј Пољански, изјави дека седницата ќе биде одговор на барањето на некои европски земји за состанок ден претходно.
– Изгледа дека трпението на нашите противници во ОН се истроши. За нив е важно украинското прашање постојано да биде актуелно, иако ризикуваат да не го погодат тонот на новата американска администрација – изјави Пољански, алудирајќи на претседателот Доналд Трамп.