Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека постојат два плана за завршување на руската војна против Украина.
– Но, сакам сите да разберат, еве го планот. Планот А е да се прекине пукањето, за да можеме да преминеме на планот Б, фаза втора, а тоа е да ги имаме сите на маса, можеби со малку „шатл“ дипломатија, да смислиме начин како трајно да се заврши оваа војна на начин кој ќе трае и ќе ги почитува сечии потреби и слично. Никој не вели дека вториот дел е лесен, но не можеме да дојдеме до вториот дел додека не го поминеме првиот дел – посочи Рубио во интервју за „Си-биес њуз“ (CBS News).
Тој повтори дека е тешко да се договори конечен крај на војната, додека „пукаат едни врз други“.
– Тоа е она на што работиме, под претпоставка дека можеме да го направиме тоа. Тоа само по себе нема да биде лесно. Преминуваме во втората фаза, која е преговарање за нешто трајно и потрајно. Тоа ќе биде тешко. Ќе треба многу труд, отстапки од двете страни, но тоа мора да се случи. Оваа војна не може да продолжи. Претседателот (Доналд Трамп) беше јасен за тоа и прави се што може за да го заврши тоа – наведе Рубио.
Тој додаде дека бил „ветувачки“ состанокот на специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф и рускиот претседател Владимир Путин на 13 март.
Трамп за утре најави дека ќе разговара со Путин.