Marco Rubio
Фото: ЕПА

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Самитот на претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, одржан на 15 август на Алјаска, бил „многу добар и продуктивен“.

На прашање на руски новинари, тој кратко одговори: „Многу добро. Беше многу продуктивно“.

Путин и Трамп се сретнаа во воената база Елмендорф-Ричардсон во Анкориџ. Разговорите траеја нешто помалку од три часа и се сметаат за еден од клучните настани во новата фаза на руско-американските односи.